Нашиот најдобар кошаркар Перо Антиќ и неговиот клуб Атланта Хоукс се на една победа до елиминација на фаворитот Индијана откако вчера победија на гости со 107-97.
Антиќ и Јастребите имаат големи шанси да обезбедат пласман во следната рунда во плејофот од НБА-лигата откако ноќеска по вторпат во серијата ја победија Индијана на нејзин терен. Решавачка за победата беше втората четвртина, која гостите ја добија со 41:19.
Антиќ иако имаше скромен придонес од само еден поен, два скока и една асистенција, имаше значајна улога во одбраната.
Шестиот натпревар се игра в четврток, на теренот на Атланта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.