
Вторник почнува со умерена облачност и сончеви периоди. Но, значителна нестабилност се очекува во попладневните часови. Оваа атмосферска дестабилизација наместа ќе донесе пороен дожд и грмежи. Постои значителна веројатност врнежите да потраат и во вечерните часови.
Според метеопро.мк, максимална температура околу 17°С се очекува во котлините од западниот регион, и околу 18°С во котлините од централниот источен дел од земјата. Дневен максимум малку над 20 Целзиусови степени се очекува во југоисточното подрачје.
Во Скопје препладне ќе има умерена облачност со можност за повремен слаб дожд, но и повремени сончеви периоди, а попладне повторно се очекува нестабилно време, врнежи и грмежи. Постои веројатност за врнежи и во текот на вечерта. Дневниот максимум ќе достигне вредност околу 19 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


