Најмалку 30 луѓе загинаа, а 50 се повредени во самоубиствен напад во градот Ханакин, северосточен Ирак, два дена пред парламентарните избори. Бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот што го имал на себе меѓу група луѓе кои гледале видео-снимка од претседателот на Ирак, Џалал Талабани. Курдот Талабани од 2012 година е во болница во Германија. Ханакин се наоѓа во автономната обалст Ирачки Курдистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


