Според официјалните британски податоци за странските затвореници, со 303 затвореници Албанија е меѓу првите 10 земји со најмногу свои државјани во затворите низ Велика Британија, пренесе албанскиот весник „Шекули“. Од вкупно 11.000 странци во британските затвори, најмногу се оние од Полска (околу 1.000), додека на второ и трето место се Ирска и Јамајка.
Меѓу првите 10 уште се наоѓаат Романија, Пакистан, Литванија, Нигерија, Сомалија и Индија. Велика Британија на странските државјани во своите затвори, како што се наведува, троши повеќе од 360 милиони фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија


