| четврток, 6 декември 2018 |

Турски театар со „Војникот фалбаџија“ утре гостува во Театар Комедија

Утревечер, со почеток во 20 часот, Турскиот театар од Скопје гостува во Театар Комедија со претставата „Војникот фалбаџија“ од Плаут, во режија на Лука Кортина. Претставата ќе се изведе со македонски титл, драматург е Викторија Рангелова, сценограф и костимограф Наташа Андонова, музиката е на „Фолтин“, превод: Метин Балај. Улогите ги толкуваат: ПИРГОПОЛИНИК: Осман Али, АРТОТРОГ: Јеткин Сезаир, ПАЛЕСТРИОН: Селпин Керим, ПЕРИПЛЕКТОМЕН: Салаетин Билал, СКЕЛЕДРО: Јеткин Сезаир, ПЛЕВСИКЛЕ: Аксел Мехмет, ФИЛОКОМАСИЈА: Билјана Јовановска, АКРОТЕЛЕФТИЈА: Јеткин Сезаир, МИЛФИДИПА: Слаѓана Вујошевиќ и КАРИЈ: Тамер Ибрахим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top