Во Кинотека на Македонија утре, со почеток во 11 часот, ќе се одржи Свеченото одбележување на Денот на Кинотеката на Македонија, во чии рамки ќе биде прогласен добитникот на традиционалната награда за исклучителен придонес во македонската кинематографија, на кој ќе му биде доделена наградата „Златен објектив“ за 2014 година, која ја доделува Кинотеката на Македонија.
Како дел од овој настан, во кинотечното кино ќе се одржи и прес-конференција за престојниот 70. ФИАФ КОНГРЕС во Скопје, кој ќе трае од 4 до 10 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.