| четврток, 6 декември 2018 |

Кинотека одбележува јубилеј 40 години со Свечена академија и доделување на „Златен објектив“

Свеченото одбележување на јубилејот „40 години Кинотека на Македонија“ ќе се одржи во просториите на Кинотеката на 27 април (среда), со почеток во 12 часот, кога ќе биде доделена и наградата „Златен објектив“ на македонски автор со особен придонес кон македонската кинематографија.

На 29-ти април 1974 година е објавен Законот за формирање на Кинотеката на Македонија, токму затоа секоја година, април е месец на Кинотеката или најточно речено празник кога уште еднаш, достојно се прославува филмската уметност, националното аудиовизуелно наследство и луѓето заслужни за неговото создавање и чување.

kinoteka na makedonija

– Имајќи предвид дека една од основните дејности на Кинотеката е чувањето на аудиовизуелното наследство, а секако и паметењето на низата исклучителни македонски режисери, сценаристи, директори на фотографија, монтажери, тонци и актери – секоја година – традиционално ја доделуваме наградата ’Златен објектив‘ – Награда за исклучителен придонес во македонската кинематографија“, велат од Кинотеката на Македонија – велат од Кинотека.

Јубилејната година ќе биде одбележена со Свечена академија по повод 40-годишнината од постоењето на Кинотека на Македеонија и доделување на наградата „Златен објектив“ на македонски автор со особен придонес кон македонската кинематографија.

Исто така, публиката ќе може да ги погледне реставрираните филмови „Хај-фај“ на Владимир Блажевски, „Жед“ на Димитрие Османли и „Татко (Колнати сме, Ирина)“ на Коле Ангеловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top