Европската комисија ќе ги почека официјалните изјави на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР за да ги коментира вчера одржаните предвремени парламентарни и претседателски избори во Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Брисел.
На денешната редовна прес-конференција во зградата на Комисијата, Петер Стано, портпарол на комесарот за проширување Штефан Филе, порача и дека „сите политички лидери во Македонија мора да да бидат целосно свесни за одговорноста“.
– Ние ја следиме одблиску ситуацијата и целосно сме запознати со изјавата на лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Заев, кој изрази длабоко разочарување со изборниот процес и неговата одлука да не ги признае изборите. Оваа ситуација е многу несреќна за земјата и сите политички лидери мора да да бидат целосно свесни за одговорноста во овој контекст. Пред да кажеме нешто повеќе и да извлечеме сопствени заклучоци, ќе ги почекаме прелиминарна оценка на ОБСЕ/ОДИХР, што е секогаш случај кога има избори кај нашите земји-партнери – гласи изјавата на портпаролот Стано.
Откако ОБСЕ/ОДИХР ќе ја даде својата оценка за изборите во нашата земја, гласноговорникот потврди дека потоа, претседателот на Еврокомисијата, Жозе Мануел Барозо, ќе упати честитки до победниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ЕК бара од осум членки на ЕУ да преземат мерки против перењето пари
-
ЕУ бара Грција да врати 55 милиони евра од помошта за „Хеленик дифенс системс“
-
ЕК ја чека одлуката на Пуџдемон за да се изјасни за Каталонија
-
Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер со шокантно признание: Прашокот за перење и „нутелата“ не се исти…