Дружбата со легендарниот Чола, на која пред македонската публика ќе го промовира актуелниот албум „Ватра и барут” ќе се случи на 31 мај во арената „Борис Трајковски“. Здравко Чолиќ преднеговиот голем концерт цели дека се радува на гостувањето во Скопје, која е негова омилена концертна дестинација.
– Во Македонија секогаш доаѓам со задоволство од едноставна причина што за неа ме врзуваат прекрасни спомени и многу драги пријатели. Кај вас секогаш се чувствувам како дома и сум имал неверојатни концерти, па затоа и овојпат не очекувајте ништо помалку. Подгответе се доаѓам на добра журка на која освен што ќе ги преслушаме ноите теми од „Ватра и барут” ќе се потсетиме и на старите добро познати хитови. Се гледаме на 31 мај – им порача Чола на своите македонски фанови, за кои се подготвени и неколку интересни изненадувања кои ќе бидат откриени на самиот концерт.
Влезниците се продаваат по цена од 800 денари за стоење и 1.000 денари за седење, а може да се набават во ТА „Гуливер Милс“, „Розе“-Веро 2, „Камарад“ – Рамстор, „Југотон“,„ Тобако“ – Сити Мол и преку продажната мрежа „Мктикетс“.
Организаторот на концертот, туристичката агенција „Гуливер Милс“, со секоја купена влезница го подарува – новиот албум на Чола „Ватра и барут”.
Скопскиот музички спектакл всушност е дел од големата концертна промоција на албумот кој содржи 12 нови композиции, од кои на една гостува и нашиот Влатко Стефановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.