| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во куќа во Шефилд: Најмалку пет лица загинаа меѓу кои три се деца

pozar-foto-naslovnaТри деца и две жени загинаа изминатата ноќ во пожар во куќа во северниот англиски град Шефилд, соопшти портпаролот на противпожарната служба.

– Започната е истрага за разјаснување на причините за пожарот – рече тој.

Според портпаролот на полицијата, се уште не е можно да се утврди каде во куќата почнал пожарот и дали има други повредени.

Службите за итна помош добиле повик по полноќ и испратиле пет противпожарни возила да го изгаснат огнот, кој пламнал во таа викторијанска куќа во станбен кварт во Шефилд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top