Во ова 5 то коло на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“ се извлекува за еден автомобил Пежо 208, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари, информираат од Државната лотарија на Македонија.
Во извлекувањето учествуваат сите коверти испратени за 5-то коло со сметки кои се валидни од најран датум 15.11.2013 година. Неизвлечените коверти од ова коло како и од второто, третото, а понатаму и од петтото и шестото, се чуваат од страна на Државна лотарија на Македонија како организатор на наградната игра и ќе учествуваат во 7-мото коло за извлекување на стан и деловен простор.
Само за потсетување, за учество во наградната игра треба да се испратат 20 фискални сметки со најран датум од 15.11.2013, во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот: име, презиме, адреса и контакт телефон. Ковертот кој независно дали ќе се остави во кутија на некој пунктовите, или ќе се прати по пошта мора да биде адресиран и на него не треба да биде напишано ништо друго освен адресата на организаторот и намената – за наградна игра:
ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
БУЛ. “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” БР. 8
1000 СКОПЈЕ
ЗА НАГРАДНА ИГРА
ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА
Следното, 6-то по ред извлекување на наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА ќе се одржи на 26.05.14 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



