| четврток, 6 декември 2018 |

Првенство на бармени утре – најдобриот патува во Кејптаун

Преку триесет бармени од целата земја ќе земат учество на 7. државно првенство на бармени кое ќе се одржи  утре, 29 април, хотел „Стоун бриџ“.

Македонските бармени ќе се претстават во две категории: класична подготовка на коктели и флертендинг. Првата категорија подразбира претставување на натпреварувачите со свои авторски коктели чија техника на приготвување, изглед, вкус и арома ќе бидат оценети од стручна комисија составена од претставници од земјава и од странство. Во втората категорија, учесниците, исто така, ќе се претстават со свој авторски коктел кој ќе го приготвуваат со акробациски движења и елементи на жонглирање со барската опрема.

10252177_10152398820815948_6146170274767895304_n

Оваа година најдобрите ќе ја претставуваат Македонија и Здружението на бармени на Македонија на Светското првенство на бармени  кое ќе се одржи во Кејптаун, ЈАР.
Покрај патувањето во Кејптаун, ЈАР кој го обезбедува ЗБМ, за најдобрите во двете категории односно за угостителските локали во кои работат професионалните бармени, официјалниот софтверски партнер на 7. државно првенство,  „Акцент компјутери“ и „Синерџи“ ќе им додели софистициран софтвер за угостителско работење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top