| четврток, 6 декември 2018 |

Протест кај Клиперс, Портланд и Хјустон не можат без продолженија

Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс загубија уверливо од Голден стејт вориорс со 97-118, а кризата во редовите на еден од фаворитите за титулата почна со расистичките коментари на сопственикот на тимот Доналд Стерлинг.

Ноќеска играчите на Клиперс во знак на протест ги фрлија тренерките на теренот пред почетокот на дуелот, а потоа одиграа бледо и загубија со 21 поен разлика. Стеф Кари ги докусури со 33 поени, а одличен беше и Андре Икудала со 22 поени. Резултатот е израмнет на 2-2, а тимот од ЛА сѐ уште ја има предноста на меч повеќе на домашен терен.

Екстра возбудливо повторно беше на пресметката меѓу Портланд и Хјустон, а и третиот меч од вкупно 4 досега, пак, се играше во продолжение. Портланд победи со 123-120 по 5 минути дополнителна игра, откако во регуларниот дел беше 106-106. Портланд води со 3-1, идентично како и Вашингтон против Чикаго по новата победа ноќеска со 98-89. Торонто го возврати ударот со триумф од 87-79 против Бруклин и израмни на 2-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top