Времето претпладне ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи. Во попладневните часови ќе има
нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот.
Особено поголема нестабилност ќе има во северните делови на земјава, каде што ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 13 до 22 степени.
Во Скопје попладне ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, со грмежи и со засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 21 степен.
Во наредните денови не се очекува позначителна промена на временската состојба. Ќе продолжи променливо облачно време со повремени врнежи, а во попладневните часови со пороен дожд и со грмежи.
Кон средината на неделата интензитетот на врнежите ќе се намалува, а ќе има и повеќе сончеви периоди. Температурата ќе биде во постепен пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



