На предвремените парламентарни избори најголем одѕив до 18 часот има во четвртата изборна единица со 67,91 процент, по која се ИЕ 3 со 65,83 проценти, ИЕ 1 со 61,11 проценти, ИЕ 5 со 56,94 проценти, ИЕ 2 со 56,48 проценти и шестата
изборна единица со 48,41 проценти.
Одѕивот на гласачите за претседателските избори до 18 часот изнесува 50,78 проценти, информира на прес-конференција Дарко Алексов, претседател на Граѓанската асоцијација МОСТ.
Според Алексов, набљудувачите на МОСТ регистрирале случаи на групно/семејно гласање во Битола, Гостивар, Кичево, Струга, Василево, Пласница и Валандово, како и читање на глас на имињата на гласачите, агитација, издавање гласачки ливчиња за двата вида избори без претходно да се информираат гласачитe.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


