Во Велес до 17 часот на изборите за претседател гласале 55,86 проценти од лицата со право на глас, а на предвремените избори 56,88 проценти.
Во Велес на 84 избирачки места според ОИК до 17 часот на вторите претседателски избори гласале 55,86 проценти од гласачите, а за вонредните парламентарни гласале 56,88 проценти. Гласањето на сите изборни места поминало фер и демократски, велат од ОИК.
Во Велес денеска за вторите претседателски избори гласаат 46.548 избирачи, а за вонредните парламентарни 46. 444 избирачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



