| четврток, 6 декември 2018 |

Во Дебар зголемен одѕивот на гласачите

glasanje 08 (Custom)

Во попладневните часови зголемена е излезеноста на гласачите во општина Дебар на денешниот изборен ден кој минува во фер и демократска атмосфера.

– До 17 часот во општина Дебар одѕивот на гласачите за претседателските избори изнесува 18,72 отсто од вкупно запишаните 17.272 лица, додека за парламентарните избори тој процент е повисок и изнесува над 37 отсто од вкупо запишаните 16.886 гласачи. Изборниот процес минува мирно и се надеваме дека така ќе биде до крајот, изјави Али Реџа, секретар на Општинската изборна комисија.

Тој посочи дека одѕивот на гласачите за претседателските избори споредено со првиот круг е за над пет осто повисок.

– На 13 април до 17 часот излезеноста беше 13,41 отсто – рече Реџа.

Што се оденсува до недостигот на еден лист од избирачкиот список во едно избирачко место тој нагласи дека тоа веднаш било надминато и оти е пропуст на печатачот на избирачкиот список.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top