На Светското првенство во Бразил во 2014 година Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе дозволи употреба на „гол технологијата“.
– По успешната имплементација на светското клупско првенство одлучивме да ја користиме „гол технологијата“ на Купот на конфедерациите во Бразил во 2013., како и на сите 12 стадиони на кои ќе се играат натпреварите на Светското првенство во 2014 година, соопшти ФИФА.
Технологијата „Око соколово“, која се применува во тенисот и крикетот со специјални магнетни сензори успешно е тестирана во Јапонија, а во меѓувреме ФИФА тестира уште неколку системи.
Наскоро треба да биде објавен тендер за користење на „гол технологијата“ на СП во Бразил.
ФИФА го смени ставот околу употребата на оваа технологија по СП во Јужна Африка во 2012. кога судиите на натпреварот Англија – Германија не признаа очигледен гол на Френк Лампард.
„Гол технологијата“ засега нема да се воведува во Европа. УЕФА смета дека наместо тоа поефикасно е на фудбалските натпреварите да има уште двајца помошни судии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.