| четврток, 6 декември 2018 |

МОСТ: Најголем одѕив во третата изборна единица, 13,6 отсто

most 2

До 10 часот одѕивот на гласачите на парламентарните избори е – 10,26 отсто во Изборната единица (ИЕ) 1, 9,99 проценти во ИЕ 2, 13,6 во ИЕ 3, 12,54 во ИЕ 4, 10,18 во ИЕ 5 и 5,74 ИЕ 6, соопшти граѓанската асоцијација МОСТ.

Излезеноста за претседателските избори, пак, до 10 часот е 9,4 отсто.

Набљудувачите на МОСТ забележале повеќе неправилности, семејно гласање, фотографирање гласачки ливчиња, гласно читање имињата на гласачи.

– Пред гласачките места 1847/1, 1848, 1848/1, 1851, 1853, 1854, 1856, 1857, 1865, 1867 и 1869 во општина Струга се забележани лица со списоци на гласачи кои ги евидентираат гласачите кои влегуваат на гласачките места, на 0154 во Битола, 0288 во Валандово и 0947 во Крива Паланка се читале на глас имињата на гласачите, на 0918 покрај тоа што се читаат на глас имињата на гласачите, не се проверува дали е обележан палецот на гласачите, информира извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов.

Според него, на гласачкото место 1539/1 во Пробиштип забележано е фотографирање на две гласачки ливчиња. Откако Избирачкиот одбор (ИО) реагирал, фотографиите се избришани, а ливчињата се ставени во гласачката кутија.

– На 2425/1 во Кисела Вода еден гласач го фотографирал гласачкото ливче. Била повикана полиција по што гласачот го напуштил гласачкото место заедно со полицијата. На 1583, 1583/1 и 1584 во Радовиш едно лице им помагало при гласањето на повеќе избирачи, а евидентирани се и десет случаи на семејно гласање. На 1022 во Куманово се регистрирани три случаи на семејно гласање, при што гласале шест лица, а на 0047 и 0067 во Битола, ИО не ги информира гласачите дека може да изберат на кои избори сакаат да гласаат, туку веднаш им ги издава двете гласачки ливчиња. Дополнително, на 0067 ИО ги чита имињата на гласачите, соопшти Алексов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top