
Јунг Хонг-вон
Jужнокорејскиот премиер Јунг Хонг-вон поднесе оставка поради трагедијата со фериботот со ученици, кој потона на 16 април.
– Да останам на оваа позиција би претствувало преголем товар за администрацијата. Правилната одлука за мене е да ја преземам одговорноста и да поднесам оставка- изјви Јунг на кусата вонредна прес-конференција.
Јунг беше исвиркан и погоден со шише со вода кога ги посети ожалостените роднини на денот на несреќата.
Луѓето беа разлутени од бавните дејствија на властите по трагедијата и честите измени на информациите, објавувани од Владата. Во еден момент еден владин службеник изјави дека сите патници од фериботот се спасени.
Над 300 лица, повеќето од нив ученици и наставници загинаа или се водат како исчезнати. Досега е потврдена смртта на 187 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


