Во општините Дебар и Центар Жупа точно во седум часот отворени се сите 43 гласачки места и гласањето се одвива без проблеми.
– Сите 27 гласачки места во општина Дебар се отворени точно навреме и до сега не се забележани никакви проблеми. Се надеваме дека во ваква мирна и демократска атмосфера ќе мине денешниот изборен ден. Во Единствениот избирачки список за општина Дебар, за претседателските избори запишани се 17.272 лица, додека за парламентарните 16.886 лица со право на глас, изјави Али Реџа, секретар на Општинската изборна комисија.
Во општина Дебар, која припаѓа на Шестата изборна единица, вчера правото на глас го остварија 142 болни и немоќни лица, од нив 31 за претседателските и 111 за парламентарните избори.
И во општина Центар Жупа, која припаѓа во Изборната единица 5, нема проблеми.
Според претседателот на општинската изборна комисија, Шефко Јусуф, во седум часот отворени се сите 16 гласачки места. Во Единствениот избирачки список во оваа општина запишани се 6.066 лица. Вчера во оваа општина гласале 10 болни и немоќни лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.