| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја: Ким Јонг-Ун ја повика армијата да биде подготвена да се справи со САД

_59678991_profile_kimjongun_afp2_crop142914682

Севернокорејскиот лидер Ким-Јонг-ун ја повика армијата да се модернизира и да гарантира дека е способна да победи во секој евентуален судир со САД.

Ким претседаваше со седницата на Централната воена комисија и пред присутните ги потенцираше важните задачи за идниот развој на Корејската народна армија и начините за нивно постигнување.

Тој ја потенцира неопходноста да се подобри функционирањето и улогата на политичките органи на армијата за да може да се зачува славната историја и традиција вооружените сили  да бидат во служба на партијата, да извојуваат една победа по друга во евентуалните судири со САД и да ја исполнувата својата задача како ударна сила и лидер во изградбата на една простеритетна нација, јави БТА.

Американскиот претседател Барак Обама предтходно ја предупреди Северна Кореја дека е подготвен да ја употреби својата воена моќ за да ги заштити американските сојузници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top