| четврток, 6 декември 2018 |

Се одбележуваат 20 години од укинување на апартхејдот во Јужна Африка

Apartheid-de-Africa

Јужноафриканската Република (ЈАР) денеска го одбележува националниот празник, Денот на слободата, односно 20-годишнината од паѓањето на режимот на апартхејдот.

На 27 април 1994 година во земјата беа спроведени првите слободни избори, на кои победи дотогаш забранетиот Африкански национален когрес, а претседател стана Нелсон Мандела, кој повикуваше на расно помирување.

– Сакам сите Јужноафриканци, бели и црни, да можат да одат со исправени глави, да живеат без страв и непречено да го изразуваат своето човечко достоинство, изјави Мандела при стапувањето на должност пред 20 години.

Во земјата беа изградени 3,3 милиони бесплатни живеалишта за сиромашните, а големи суми се вложуваа во образованието, кое се уште е на ниско ниво.

Главни проблеми во земјата се уште се сиромаштијата, нееднаквоста и невработеноста, која изнесува 24 отсто, а меѓу црномурестите млади луѓе достигнува 55 отсто.

Јужна Африка денеска е водечка економија на континентот и игра важна улога во Африканската унија. Државата се обидува да добие постојано место во Советот за безбедност на Обединетите нации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top