Владата на САД располага со информација дека во најскоро време терористички групи планираат да извршат напади на места со голема концентрација на луѓе во Јужноафриканската Република, соопшти американската амбасада во Јоханесбург.
„Информацијата е добиена преку повиците на Исламска држава кон нејзините поддржувачи да организираат терористички напади за време на Рамазан”, се наведува во пораката на амбасадата. Во неа, како најзагрозени од терористички напади се наведени отворените пазари и трговски центри во Јоханесбург и Кејптаун.
Јужноафриканската полиција одби да го коментира соопштението и посочи дека ја истражува пораката на амбасадата, која е поставена на нивниот сајт.
Минатиот септември САД ги предупредија граѓаните за можни напади од екстремисти врз американските интереси во ЈАР- релативно стабилна земја која ретко се поврзува со исламски радикализам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.