Утровото во 7 часот почнаа изборите за денешниот втор круг од претседателски и за предвремените парламентарни избори во Битола.
Од Општинската изборна комисија (ОИК) информираат дека изборите се реализираат на 170 избирачки места каде граѓаните одлучуваат за кандидатите за претседател на државата и за 14 листи со кандидати за пратеници од изборната единица број 5.
– За вториот круг од изборите за претседател на Република Македонија, според единствениот избирачки список право на глас имаат 82.588 лица, додека во изборот на идни пратеници во Собранието на Република Македонија учествуваат 82.211 лица. Овие податоци се различни затоа што затворањето на Единствениот избирачки список беше направено во различно време, изјави Зоран Насев, претседател на ОИК-Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.