Првпат досега Кинезите станаа најчестите странски купци на станови на њујоршки Менхетен, проценуваат посредниците во трговијата со недвижнини, и ги истиснаа од таа позиција Русите чијашто активност опаднала по избувнувањето на безредијата и Украина и воведувањето на американските санкции за Русија. Богатите Кинези ги трошат парите на недвижнини во Њујорк и во некои други светски метрополи, вклучувајќи ги и британски Лондон и австралиски Сиднеј, бидејќи бараат посигурни места каде што ќе ја вложат својата готовина и ќе им овозможат образование на своите деца на престижните западни образовни институции.
Агенцијата „Ројтерс“ направила анкета меѓу петте водечки брокери за недвижнини и побарала до нив да ги рангираат купците во Њујорк. Сите тие ги ставиле Кинезите на првото место, како според бројот купени станови, така и според нивната вредност. Одговорите се разликуваат само по тоа дали зад Кинезите следат Русите, Европејците или Јужноамериканците.
Инаку, не постојат официјални податоци за националната припадност на купците, поради американскиот закон за рамноправното домување кој граѓаните и штити од дискриминација.
До пред извесно време, руските олигарси доминираа во трговијата со њујоршките недвижнини со купувањето на најлуксузните станови, како на пример пентхаусот кој го пентхаусот што го дизајнираше познатиот Роберт А.М. Стерн за дури 88 милиони долари, или замокот со сала за бал и градина на покривот за 75 милиони американски долари. Сега Русите ги има помалку, велат многу трговци со недвижнини, а главно причина за тоа претпоставуваат дека е стравот дека ситуацијата во Украина ќе се влошува, како и дека американските санкции кон Русите ќе бидат заострени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


