Лицето кое управуваше со возилото со кое вчера беше изведен крвавиот напад во Њујорк, со месеци го планирал нападот и го извршил „во име“ на екстремистичката група Исламска држава, наведе заменик-комесарот на њујоршката полиција Џон Милер.
Тој наведе дека осомничениот Узбекистанец Сајфуло Сајпов, никогаш не бил предмет на истрага на локалната полиција или пак на ФБИ. Стотици детективи цел ноќ работеа со цел да приберат докази, меѓу кои и видеа од околните безбедносни камери. Во вчерашниот напад во Менхетен загинаа осум лица, а 11 се повредени. Напаѓачот е ранет од страна на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.