Сосотојбата во Украина од час во час се влошува. Настаните се редат како на филмска лента. Во Краматорск се поставени барикади пред кои е поставен натпис „Украина е Русија“. Украинските власти ја затворија браната во Севернокримскиот канал низ кој Крим се снабдува со вода од Дњепар, соопшти агенцијата „Униан“.
Русија ги презема сите можни чекори за ослободување на воените набљудувачи од некои држави на ОБСЕ кои се приведени кај Славјанск во источна Украина, соопшти министерството за надворешни работи.
Во Одеса е одржан проруски протест на кој присуствувале околу 500 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.