| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца скопјани нападнати од маскирани лица со безбол палки

Утринава околу 01:20 часот во Скопје на улицата „Џумајска“ бр.9, од неколку лица кои биле маскирани и со безбол палки, физички биле нападнати скопјаните Д.Ф.(1993) и М.Д.(1989). При нападот оштетено е и патничкото моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски ознаки. Веднаш после нападот лицата се разбегале, а додека го вршеле нападот не проговориле ништо.

Причината за нападот засега е непозната. Нападнатите се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде им е укажана лекарска помош и констатирани им се телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top