| четврток, 6 декември 2018 |

Рате бројот на заболени од сипаници

сипаници
За неполна недела 6 нови случаи на заразени со ситна сипаница.

Најголемиот дел од заболените не се вакцинирани или примиле само една доза – потврдуваат докторите.

-Поголемиот дел од болните се возрасни кои не примеле на време вакцина. Вкупниот број на заболени е 92 – изјави Д-р. Јованка Костовска, Министерство за здравство, пренесува Канал5.

Ситните сипаници носат сериозни проблеми, затоа навреме треба да се вакцинираат децата СО МРП вакцината, апелираат докторите на одбележувањето на неделата за имунизација.

-По повод неделата за имунизација здравствените работници работеа и на терен. Најчесто во ромските средини – изјави д-р. Татјана Баевска Вучковиќ директор на Здравствен дом.

Докторите велат дека имунизацијата е на високо ниво во Македонија за сите вакцини

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top