| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на Ноле: Ќе се роди уште еден генијалец!

новак

Тенисерот Новак Ѓоковиќ деновиве се пофали на Твитер дека ќе стане татко, а честитки пристигнуваат од сите страни на светот.

Според тврдењата, Јелена би требало да се породи во втората половина на октомври.

– Јелена е бремена, наскоро ќе станеме родители – напиша еден од најдобрите тенисери на светот на социјалните мрежи, кој во моментов со вереницата се во Атина.

Неколку часа подоцна се огласи и идната мајка:

– Пресреќна сум- напиша таа на Фејсбук.

Идната баба, Дијана Ѓоковиќ, исто така со голема возбуда ја примила оваа вест.

-Пресреќна сум што Јелена е бремена. На светот ќе дојде уште еден генијалец – изјавила таа.

Како што пренесуваат медиумите, Јелена веќе е во четвртиот месец од бременоста. Идната мајка се чувствува добро, а свадбата која е планирана за мај во Црна Гора нема да се одложи поради оваа среќна вест.

Инаку, се шпекулира дека Ѓоковиќ знаел за бременоста уште пред два месеци. Тенисерот Виктор Троицки открил дека му честитал за татковството уште на турнирот во Дубаи.

Исто така се јавија и астролозите. Тие велат дека според ѕвездите, бебето ќе биде машко.

Постојат 90% предизпозиции, детето да биде со машки пол. Ќе ја има силната генетика на таткото. Ќе биде талентирано за индивидуални спортови, вклучувајќи го и тенисот. Ќе биде многу интелегентно и школувано, нема да се задоволува само со спортски, туку и со академски успеси, предвидуваат астролозите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top