| четврток, 6 декември 2018 |

До 3 години затвор за оние кои ќе го нарушат изборниот процес

гласање 2

Откази, парични казни, па и затвор од најмалку 3 години предвидуваат законските одредби за државните службеници кои членуваат во избирачките одбори а кои ќе спречат гласање или ќе оневозможат одржување на изборниот процес.

Високите казни се определени за да се гарантира дека најдемократскиот чин- чинот на гласање и изборите нема да бидат ставени во залог на тесно партиски тоталитаристички идеи.

Покрај за државните службеници во избирачките одбори, високи казни се закануваат за секој кој ќе се обиде на каков било начин да го наруши изборниот процес.

Минималната казна изнесува 3 години затвор, додека оние кои процесот ќе го нарушат со употреба на оружје и физичко насилство,зад решетки може да поминат најмалку 5 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top