Засега непознато машко лице попладнево околу 14:30 часот се јавило во Центарот за управување со кризи и пријавило дека во средното училиште „Арсени Јовков“ во Скопје има подметнато бомба. Како што информираат од МВР, Центарот веднаш ја известил полицијата, по што е известена единицата за антитероризам која се уште ја проверува дојавата. Се работи и на утврдување на идентитетот на лицето и на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.