| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ: Според анкетите победуваме и во Струмица

strumica 1

Вечерва ВМРО ДПМНЕ својата изборна кампања на локална ниво со толпа народ и силен огномет ја заврши со митинг во Старата струмичка чаршија.  Пред големиот број струмичани носителот на четвртата изборна единица, Зоран Ставрески истакна дека според последните анкетите кои се направени ВМРО ДПМНЕ ќе издвојува победа  и во општина Струмица.

Резултатите најверојaтно следуваат по тоа што минатата година ВМРО ДПМНЕ на локалните избори  ја намали разликата на 2 000 гласа во однос на СДСМ од претходните избори, додека на првиот круг од претседателските избори од пред две недели разликата помеѓу овие две партии е нешто помала од 2 000 гласа. Ставрески во своето обраќање освен освртот кон проектите предвидени во новата програма кажа и дека во градот ќе го вратат се она што го низ годините го запостави Заев.

strumica 2

Пред присутните се обратија и кандидатите за пратеници од  Струмица. Славе Гошев се обрати со реченица од познатиот струмички револуционер Христо Чернопеев – „Станете да ве ослободиме“, додека Васил Пишев рече дека ова е крајот на владеењето на СДСМ во Струмица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top