| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Тито Виланова, поранешниот тренер на Барселона

вила

Попладнево во болница во Барселона почина Тито Виланова, поранешниот тренер на фудбалскиот клуб Барселона.

Каталонскиот клуб соопшти дека бившиот тренер во четвртокот бил итно примен во болница поради влошување на здравствената состојба и му бил опериран желудникот.

45 годишниот стратег две години се бореше со рак на паротидна жлезда, причина поради која го напушти тренерското место во Барселона.Денеска во шпанските медиуми кружеше вест дека неговата состојба е подобрена, но попладнево од клубот ја соопштија трагичната вест.

Тренерската кариера во Барселона ја започна во 2007 та година во Б тимот, долго време му беше помошник на Пеп Гвардиола кој во 2012 та му ја препушти целосната тренерска функција.

Во декември 2012 та ја почна борбата со ракот, а по освоената шампионска титула во Примера во јули 2013 та го напушти клубот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top