Американскиот претседател Барак Обама рекол дека „апсолутно“ би го спасил рускиот претседател Владимир Путин кога овој би се давел, огласувајќи се на неодамнешниот одговор на Путин кога беше прашан дали мисли дека Обама би го спасил од давење. -Не можам да кажам дека имам некој посебен личен однос со американскиот претседател, но мислам дека тој е храбар и чесен човек; би ме спасил – одговори тогаш Путин на прашањето поставено од 6-годишно девојче.
На денешната прес-конференција во Јужна Кореја Обама рекол дека и покрај неодамнешните несогласувања помеѓу Вашингтон и Москва, сè уште има области на кои тие би можеле да соработуваат, пренесува Бизнис инсајдер.
Повторувајќи го одговорот на рускиот претседател, Обама рекол дека би го спасил Путин од водниот гроб.
-Би сакал да мислам дека кој било да се дави, јас би го спасил – рекол Обама одговарајќи на прашање на прес-конференцијата. -Порано бев многу добар пливач, пораснав на Хаваите. Претседателот Путин не е глупав човек, и мислам дека неодамна призна дека веќе има последици од ова. И се разбира ако ситуацијата се влоши и санкциите се прошират на целиот сектор, тоа ќе донесе уште полоши последици врз Русите -додал Обама
Тој продолжил велејќи дека сè уште постои простор за соработка меѓу Русија и САД, особено во областа на заедничките операции против тероризмот. Сепак, тој истакнал дека „прекршувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина е принципот што САД мора да го бранат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



