Се наоѓаме на неколку часа до крајот на кампањата.
За мене денешниот ден, беше пријатен бидејќи имав средби со два крупни инвеститори кои деновиве го објавија отворање на огромен број на нови работни места во Македонија и кои ми ги презентираа нивните понатамошните планови.
Сепак моето обраќање е со цел да се обратам до сите граѓани и уште еднаш да ги повикам, масовно да излезат и да гласаат за онаа политичка опција во која веруваат и која ја поддржуваат, опцијата која веруваат дека ќе донесе најмногу успеси и напредок на Македонија, без притоа да прифаќаат нечиј притисоци, уцени или закани, во случај да ги има.
Во недела пред сите нас партиите и политичарите, треба да победи Македонија. Треба да победи демократијата.
Зад параванот секој е сам и само тој одлучува за кого ќе гласа и кому ќе му ја довери својата доверба и тоа е само негово право и ничије друго и не е обврзан никому да му дава отчет или информација за неговото право. Гласањето е тајно, одлуката ја носи народот.
Деновиве и до мене допреа информациите од различни загрижени граѓани, дел од нив членови на СДСМ, за деструктивното сценарио кое се разгледувало од страна на Заев и неколкумина негови соработници, за свесно и намерно креирање проблеми во изборниот процес во недела, кои би биле алиби за поголем број поплаки до ДИК, а тоа пак алиби во текот на изборниот ден да издадат наредба нивните претставници да ги напуштат гласачките места.
Реализацијата на едно вакво сценарио би и направило голема штета на Македонија и на целиот народ, не само на патот на евроатланските и европски интеграции, туку и на економски и секаков друг план.
Тоа сценарио може да го посакува само некој кој не и мисли добро на Македонија. Последиците би биле далекусежни. Според толкувањата мотив за ова би била намерата на Зоран Заев да не ги признае изборите, што и се наслутува од денешната негова прес конференција, со цел да остане претседател на СДСМ.
Јас не се мешам во тоа дали тој или друг ќе биде претседател на СДСМ, но апелирам, таа битка да не биде на грбот на народот и на грбот на државата. Впрочем ВМРО-ДПМНЕ се согласи и ги прифати сите можни барања на СДСМ за промена и прилагодување на изборниот закон со цел да имаме мирни, фер и демократски избори како што заслужува и посакува секој во државата.
ВМРО-ДПМНЕ и институциите во државата ќе направат се што е потребно и е согласно закон, да се обезбеди мирен изборен ден, на кој народот слободно и демократски ќе ја изрази својата волја.
Убеден сум дека и сите во граѓани во државата ќе допринесат кон тоа, со масовно излегување и искажување на сопствената волја. Недела нека биде празник на демократијата. Во недела вечер најголемиот победник да биде Македонија и сите граѓани во неа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски