| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Деветте нови рудници ќе отворат нови работни места

тодоров

– Во наредниот период ќе се објави повик за доделување концесија за нов рудник во близина на САСА, каде ќе се инвестираат околу 18 милиони евра и ќе има најмалку 30 нови вработувања – најави денеска носителот на листата во третата изборна единица Никола Тодоров, при посетата на рудникот САСА во Македонска Каменица.

-На ниво на цела Македонија со програмата која ја имаме предвидуваме отворање на најмалку 9 нови рудници во повеќе региони, што ќе овозможи прилично високо ниво на странски инвестиции во државата, но и отворање на нови работни места, како и извоз на руда од Македонија – истакна Тодоров

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top