| четврток, 6 декември 2018 |

„Ќелавата пејачка“ повторно на репертоарот на „Театар 007“

ќелавата пејачка

На 28 април, понеделник, во Универзална сала во Скопје ќе се изведе претставата „Ќелавата пејачка“ од Ежен Јонеско, на независниот театар „Театар 007“.

Комедијата „Ќелавата пејачка“ е адаптирана за новиот сценски простор на „Малата сцена“ во Универзлна сала.
– Ова е претстава што ќе ве насмее и замисли за многу прашања. За „аспурдната реалност“ на денешното живеење, течењето на времето и неоставањето никаква трага и белег на нашето постоење, за изобилството од лицемерство и лажна учтивост, за квазихерои и хероини, божемните друштвени „луѓе“, кои „умираат од здодевност“ кога си со нив – велат од „Театар 007“.

Режисер на претставата е Игор Ивковиќ, а продуцент е Миодраг Костиќ. Дизајнот на костимите е на Ивана Кнез, а во претставата играат: Анѓела Наумоска, Филип Кипровски, Јана Пауноска, Дарко Богески, Ава Хусеини и Фаик Мефаилоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top