| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски поети во Антологијата на светската поезија

Во тематската антологија на светската поезија, која неодамна излезе од печат во Србија под насловот „Не се сите болести за мене“, објавени се избрани песни на македонските поети Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Влада Урошевиќ, Радован Павловски, Богомил Ѓузел, Ристо Василевски, Санде Стојчевски, Бранко Цветкоски и Јовица Тасевски-Етернијан.

Антологијата е резултат на обемно тематско истражување на светската поезија што го имаат направено составувачите, критичарот Душан Стојковиќ и поетот Миљурко Вукадиновиќ, а излезе од печат како издание на Фондацијата Солидарност на Србија. Во изданието на 763 страници со избрани песни преведени на српски јазик се застапени најзначајните светски поети од 52 држави, а опфатен е периодот од вториот милениум пред нашата ера до 21 век.

Песните од македонските автори објавени во оваа антологија се во превод и препев на Цвета Котевска и Ристо Василевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top