Од денеска стартува продажбата на билетите за гостувањето на „Црвена Јабука“. Настапот на екс ју-легендите е закажан на 29 март во скопската дискотека „Колосеум“. Првите 500 влезници ќе може да се купат по мошне популарна цена од само 200 денари, другите ќе чинат 250, а ако ги купувате на врата 300 денари. После 1 часот по полноќ билетите на касата на клубот ќе се продаваат по цена од 350 денари.
Влезниците во претпродажба може да се купат во Камарад – Рамстор, весникарницата во Веро 2 и преку системот www.kupikartizase.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.