| четврток, 6 декември 2018 |

Украина ѝ даде 48 часа на Русија за да ги објасни вежбите

A Ukrainian soldier stands guard in front of an armoured personnel carrier at a checkpoint in the village of Malinivka, east of Slaviansk

Украина побара од Русија да даде објаснување и детали за своите воени вежби во близина на нејзината граница во рок од 48 часа, повикувајќи се на безбедносните договори во рамките на ОБСЕ, соопшти вчера Министерството за надворешни работи.

Во соопштението на Министерството се вели дека Русија настојува да влијае на напорите на Киев да ги потисне милитантните групи на истокот на земјата. Исто така, се наведува дека според виенскиот документ на ОБСЕ, Украина има право да дознае кои се целите и другите детали во врска со вежбата во рок од 48 часа од поднесувањето на барањето, што значи до сабота во 14 часот средноевропско време.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров завчера ги обвини САД дека стојат зад нередите во Украина и рече дека Москва ќе реагира доколку бидат загрозени нејзините интереси или интересите на Русите .

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top