| четврток, 6 декември 2018 |

Руската војска тргна кон границата со Украина – се подготвува инвазија!? (видео)

vojska rusija

Снимки со непрегледни колони руски воени возила вчера беа објавени на „Јутјуб“ од повеќе локации на границата со Украина.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шоигу, вчера објави дека војската на подрачјето во близина на Украина од вчера ќе одржува „воени игри“, но не е сосема јасно дали сите тие тенкови, транспортери и камиони се активирани само за вежбите или тргнале кон самата граница.

Во непосредна близина на украинската граница, Русите веќе со недели имаат распоредено десетици илјади војници за кои НАТО верува дека во секој момент се подготвени да тргнат во инвазија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top