| четврток, 6 декември 2018 |

И денеска нестабилно со дожд и со грмежи

dozdlivo-vreme

Трендот на нестабилно време продолжува и денеска. Повремен дожд и грмежи се очекуваат во текот на денот, особено во попладневните и вечерните часови. Локално, овие атмосферски процеси ќе донесат поинтензивен дожд и засилен ветер. Поголема веројатност за оваа појава има во западната половина од земјата.

Според метеопро.мк, дневниот максимум на температурата ќе биде малку понизок во однос на претходниот ден. Максимална температура околу 18 Целзиусови степени се очекува во поголем дел од земјата, а за нијанса потопло, до 21 Целзиусов степен, ќе биде во гевгелискиот регион.

Во Скопје повторно се очекува нестабилност во текот на која ќе донесе и врнежи, но и грмежи. Дневниот максимум ќе достигне вредност околу 19 Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top