Рускиот „Газпром“ и го пресмета долгот на украинската енергетска компанија „Нафтогаз“ со новата сметка за гас во висина од 11,4 милијарди долари, што е дури пет пати поголема од претходниот долг.
Политичката криза во Украина, која трае веќе четири месеци ја сврте Русија против САД и Европската унија откако тие воведоа санкции за Москва поради припојувањето на кримскиот полуостров. Со новата сметка за гас Москва го зголемува притисокот на Киев во досега најголемиот судир меѓу Истокот и Западот од Студената војна.
Извор од „Газпром“ вели дека 11,4 милијарди доалри се додадени на претходниот долг од 2,2 милијарди долари кои од „Хафтогаз“ се бараат да ги исплати за испорака на гас за 2013. и 2014 година. Додава дека новата сметка му е испратена на „Нафрогаз“ во средата и дека е поврзан со неуспехот на компанијата да ја исполни клаузулата за гас „земи или плати“.
Клаузулата „земи или плати“ подразбира потрошувачите да го платат гасот без оглед дали тој навистина физички навистина им е испорачан.
„Хафтогаз“ требаше да увезе 41,6 милијарди просторни метри гас според условите од договорот од 2013 година, но испорачани му се 12,9 милијарди просторни метри гас, наведува изворот од „Газпром“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.