| четврток, 6 декември 2018 |

Вацлав Клаус: Кризата во Украина не е предизвикана од Русија, туку од Западот

– Земјите од Западот и САД ја доведоа Украина до политичка криза во која земјата се наоѓа неколку месеци, изјави поранешниот претседател на Чешка, Вацлав Клаус во интервју за чешката телевизија (ST24), пренесува ИТАР-ТАСС.

-Мислам дека судирот кој се појави во Киев на Мајдан не е предизвикан од Русија. Ситуацијата ја заостри Западна Европа и САД, изјави тој. Од почеток велев: „Не ја притискајте Украина, ќе ја уништите, ќе ја растурите“. За жал, имено тоа сега се случува, истакна Клаус.

Според неговото мислење, земјата во овој момент поминува низ фаза од која тешко може да се заклучи дали ќе се ориентира кон Западот или кон Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top