-Русија беше приморана да реагира на ситуацијата која се развива на југо-истокот на Украина и да започне со воени вежби на границата на двете држави, соопшти шефот на Министерството за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, пренесува „Интерфакс“.
Според зборовите на министерот, во операцијата во Донецката област учествуваат повеќе од 11.000 лица од Националната гарда и екстремисти од „Десен сектор“. Шојгу забекежа дека операцијата се изведува со учество на 160 тенкови, повеќе од 230 оклопни возила и 150 артилериски орудија.
-Дозволата за примена на оружје против мирните жители е веќе дадена. Ако денес не се застане оваа воена машина, таа ќе доведе во голем број загинати и ранети. Тоа воопшто не помага за нормализирање на ситуацијата во Украина, заедно со започнувањето на воени вежби на војската на НАТО во Полска и балтичките држави. Ние сме приморани да реагираме на таквиот развој на ситуацијата, изјави министерот за одбрана.
Шојгу уточни дека во реоните недалеку од границата започнаа вежби на тактичките групи на Јужниот и Западниот воен округ на Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.