| четврток, 6 декември 2018 |

Скопското дуо „Живи Статуи“ на карневал Птуј

Дуото „Живи Статуи“ од Скопје, со свој настап на карневалот Птуј (Словенија), кој се одржа од 3-12 февруари 2013 година.

kurnetuvanje-duo-zivi-statui-ptuj-3-Copy-480x319

Најстариот словенечки град Птуј половина век е познат по Курнетувањето, карневал кој е најголем етонолошки и културен настан во овој дел од Европа.Настанот е именуван по мистичниот лик Курентот кој е типичен за Птуј и неговата околина.

Курентот претставува повеќе од маска и означува симбол на владеењето на доброто над злото, светлината над темнината и воспоставува врска со исконската човечка природа.Во 2013 година Курентовањето се случуваше од 3 до 12 февруари,каде што се приклучија маски од целиот свет.

Курентот е традиционална карневалска фигура на Птуј. Настанал од народни традиции, многу одамна маската ја носеле само немажени момчиња, но денес маската курент ја носат мажи,жени и деца. Постојат два типа на куренти: курент со пердуви и курент со рогови. Курентот е облечен во овча кожа-палто,околу половината носи синџир со звона, на нозете хеланки и тешки чизми.На главата има капа со маска а во левата рака држи стап со на врвот кожа од еж.

Курентувањето се состои од три богати тематски настани:Етно Фест,Карневал Фест и Арт Фест.Меѓународниот карневал се случи на 10 февруари оваа година со голема карневалска манифестација, која на улиците на Птуј броеше околу 4000 локални маски од земјата и од странство.  Големо внимание привлекоа дуото “Живи Статуи” од Скопје со нивниот целосен бел креативен изглед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top