| четврток, 6 декември 2018 |

Клуни го почна снимањето на филмскиот еп „Моњументсмен“

Холивудскиот актер снима филм за спасувањето на украденото богатство од рацете на нацистите, но величејќи ја улогата на американските командоси заборавил на херојството на припадниците на домашното движење на отпорот

george-clooney-monuments-men-cast

Во филмското студио„ Бабелсберг“ во Берлин, почнаа подготовките за снимањето на холивудскиот филмски епос посветен на спасителите на споменици на културата од рацете на нацистите, насловен како „Моњументсмен“.

Филмот во режија на Џорџ Клуни се базира на содржината на истоимената книга од Роберто Енцело и говори за група американски командоси кои не биле војници, туку кустоси на музеи, сликари, вајари…Благодарение на нивниот придонес спасени се илјадници уметнички дела од непроценлива вредност, кои претходно биле украдени од окупираните територии со намера по „конечната победа“ на Третиот рајх да бидат изложени во главниот град на Горна Австрија, Линц, кој бил предодреден од Хитлар да стане германска Атина.

Во филмот е ангажирана светската актерска елита Покрај режисерот и толкувач на главната улога Џорџ Клуни, спасувањето на богатството од рацете на нацистите им е доверено на Даниел Крег, Мет Дејмон, британската ѕвезда Хјуџу Бонивил, а единствената значајна женска улога ја толкува Кејт Бланшет.

Снимањето би требало да заврши до 13 декември, годинава, а премиерно ќе се прикажува во пресрет на Божиќ.

Но, познавачите на историјата со жалење истакнуваат дека вистинските херои се заборавени. Бројни познати и безимени припадници на европското движење на отпорот кои заложувајќи го сопствениот живот на своите плеќи ја понесоа тежината на спасувачката акција не се споменати во филмот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top