Конзорциумот „Веибо груп“ доаѓа во Македонија – ќе отвори околу 5.000 работни места. За оваа крупна инвестиција, како и за останатите кои деновиве беа најавени, во интервју за „Канал 5“ зборуваше премиерот Никола Груевски.
– „Веибо“ е крупна компанија чиј светски центар е во Кина, а европски во Минхен, Германија. Тие доаѓаа повеќе пати во Македонија за конечно на нивниот веб-сајт да соопштат дека ќе работат во Македонија. Ќе отворат текстилна фабрика за машка конфекција за базично и финално производство. За 5 години ќе инвестираат 400 милиони долари и ќе вработат 5.000 луѓе. Фабриката ќе биде лоцирана во североисточна Македонија – на површина од 40 хектари.
Ќе се извезува во САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Русија, Кина, Јужна Кореја, а извозот во првите 5 години ќе биде меѓу 600 и 800 милиони долари. Значењето за нашата земја е огромно бидејќи покрај бројката од 5 000 вработувања ќе се отворат и голем број индиректни вработувања – изјави премиерот Груевски.
Претставници на „Веибо“, рече премиерот, вечерва доаѓаат во Македонија за поточно да ја одредат локацијата каде ќе се гради фабриката. Груевски зборуваше и за другите најавени странски и домашни инвестиции.
Во интервјуто за „Канал 5“, Груевски рече дека е важно неговата партија да добие 62 пратеници за да може без уцени и условувања од кој било коалициски партнер да ги реализира ветените преку 2.000 проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



